Следниот iPhone XI ќе има помал notch, три камери и Touch ID под екранот

Аналитичарот на Atherton Research, Jean Baptiste Su предвидува дека годинашните iPhone модели ќе добијат USB Type-C приклучок, Touch ID сензор под екранот, помал notch и обновена фотографска компонента (три задни камери).

iPhone уредите за 2019. година би требало да пристигнат со USB Type-C приклучок. Сегашните модели на iPhone користат Lightning приклучок, но треба да се потсети дека компанијата од Купертино во своите iPad Pro модели од 2018. година вгради USB 3.1 Type-C приклучок, па лесно е можно овој конектор да го добијат и следните iPhone модели.

Исто така, Apple во годинашниот iPhone би можел да вклучи и Touch ID сместен под екранот на уредот (про примерот на останатите годинашни ривалски паметни телефони, како што е на пример Galaxy S10 серијата на Samsung).

Su споменува и нешто помал засек (notch) во однос на моделите од 2018. година и обновена фотографска компонента (систем на три камери од задната страна), која се базира на новите сензори на Sony (можеби дури и 3D камера). Сето наведеното засега се само непотврдени гласини кои компанијата од Купертино не сакаше да ги коментира.

Овие предвидувања ги поткрепуваат и рендерите кои се појавија на Twitter, но кои сепак треба да се земат со голема резерва.

 

извор: USB.mk

Поврзани

Најнови вести

Коментари