Се запали и iPhone XS Max

И еден од најновите модели на iPhone телефони се запали. Несреќата да биде главен лик падна на Josh Hillard од Columbus, Ohio (САД). На 12-ти декември за време на паузата за ручек, Hillard во задниот џеб на своите пантолони го носел својот мобилен телефон. Најпрво тој забележал необична миризба која доаѓа од неговиот заден џеб, а не била последица на храната која била конзумирана. Потоа тој почувствувал голема жештина која почнала да ја гори неговата кожа, а од телефонот почнал да излегува чад со зелена и жолта боја. Hillard ја напуштил просторијата за да може да ги соблече пантолоните и дури бил употребен и противпожарен апарат.

изгорен iPhone XS Max

изгорен iPhone XS Max

Hillard остатоците од својот телефон ги однел во локалниот Apple Store, но бил разочаран од односот кој го добил. Најнапред 20 минути одговарал на прашања на вработениот во Apple Store, а потоа чекал 40 минути. Потоа телефонот му бил вратен, но спакуван во кутија и му било речено дека само така може да добие друг телефон на замена. Незадоволен од односот, Hillard го однел телефонот дома, но телефонски ги контактирал Apple Care, од каде после еден ден добил понуда за замена на телефонот. Hillard се почуствувал навредено и очекувал повеќе, односно и компензација за изгорената облека. Hillard планира да поднесе тужба кон Apple заради инцидентот.

извор: USB.mk

Поврзани

Најнови вести

Коментари