Рускиот пребарувач Yandex создаде свој телефон

По самовозечките автомобили и паметни звучници, познатиот руски search engine Yandex е подготвен да влезе и на пазарот на паметни телефони. Дебитантскиот телефон што го носи името “Yandex.Phone” ќе биде буџетски Android модел, поврзан на големиот екосистем на компанијата. Ова значи дека ќе го има преинсталираниот Yandex софтвер – GPS, музика и апликации за време.

Во центарот на телефонот е Alice, виртуелниот асистент на компанијата, кој има 34.000 локализирани вештини и може да го разбере рускиот јазик на речиси човечко ниво. Асистентот Alice е корисен и во претрагата на локалните бизниси и контактирањето на фирми преку пребарување на имињата или услугите.

извор: USB.mk

Поврзани

Најнови вести

Коментари