Погледнете го Google Pixel 3 XL пред официјалната премиера (ВИДЕО)

Иако е најавено дека на 9. октомври Google ќе ги претстави своите најнови производи, и дека тогаш ќе почне и резервацијата на сите претставени уреди, се чини дека еден трговрц во Хонг Конг веќе почна да го продава Pixel 3 XL.

Имено, уредникот на Engadget, Ричард Лаи го добил уредот од трговец од Хонг Конг и се чини дека овој смартфон е вистинска работа, пишува The Verge.

Лаи покажа како изгледа и функционира овој паметен телефон. Го покажа неговиот екран, боите, укажа на можноста за безжично полнење, камерата и уште многу работи.

Pixel 3 XL има 6,3 инчен екран, 128 GB простор за складирање, а Лаи вели дека екранот изгледа добро и на сончева светлина.

Уредникот на Engadget ја тестираше и камерата на телефонот и откри дека главниот фотоапарат има резолуција од 12,2 мегапиксели, додека предната камера има осум.

Настанот на Google на кој ќе бидат претставени нови производи, ќе се одржи утре, 9. октомври во 11. часот.

извор: USB.mk

Поврзани

Најнови вести

Коментари