По скандалот со фејсбук-Cambridge Analytica СТАВА КЛУЧ НА ВРАТА

Компанијата која беше во центарот на скандалот на Facebook со злоупотребата на лични податоци на корисниците, Cambridge Analytica, ќе биде затворена.

Овој потег е најавен откако компанијата призна дека направила грешка во врска со злоупотреба на податоци собрани на сметка на Facebook.

Сродната компанија SCL, соопшти дека ќе ја затвори Cambridge Analytica, бидејќи правните трошоци им се зголемиле поради истрагата на Facebook, односно загубиле многу клиенти.

Соопштија дека имаат голема доверба дека она што нивните вработени го работеле било и етички и законски, но дека медиумските извештаи кои се објавуваат во виртуелниот свет ги натерале нивните клиенти да им ја откажат соработката.

„Во текот на последните неколку месеци компанијата Cambridge Analytica е предмет на голем број на обвиненија кои се без никаква основа и покрај напорите на компанијата тоа да го исправи, обвинети сме не само за злонамерни, туку и за активности кои не се легални. Како последица на тоа одлучивме дека нема да продолжиме да работиме во иднина", стои во официјалното соопштение на компанијата.

Скандалот во врска со злоупотребата на лични податоци на 87 милиони корисници на Facebook, која ја извршила компанијата Cambridge Analytica, за време на претседателската кампања на Доналд Трамп во 2016 година, нанесе огромна штета на акциите на најголемата социјална мрежа на светот, па поради тоа се отворија и многу службени истраги.

Поврзани

Најнови вести

Коментари