LG патентираше паметен телефон со камера под дисплејот

Иако мобилната дивизија на компанијата LG се соочува со проблеми, компанијата и натаму не се откажува и креира планови за иднината. Недамнешните патенти покажаа дека јужнокорејскиот производител пробува да одржи чекор со конкуренцијата.

LG Display во Јужна Кореја поднесе барања за неколку патенти за паметен телефон со целосен екран и камера под дисплејот. Дизајн патентите покажуваат два модела на телефони кои немаат рамки околу екранот. Еден модел има заоблени рабови, додека другиот има заоблени рабови од десната страна, правејќи го потенок од десната страна во однос на левата. Во двата случаја е користен флексибилен дисплеј.

Дисплејот содржи овален отвор, креиран од транспарентен материјал. Овој отвор може да се смести на различни локации – во средина, но и од левата или десната страна на уредот. Патентот не појаснува поради што е избран овален отвор (можеби за да се сместат две камери под екранот).

Во секој случај, намената на оваа иновација е јасна – со сместување на камерата под екранот, речиси 100 проценти од површината на дисплејот може да се искористи во други цели.

извор: USB.mk

Поврзани

Најнови вести

Коментари