Новиот премиум смартфон на Nokia за 2019 ќе има дури пет камери (ВИДЕО)

Производителот Nokia, односно компанијата HMD Global во првите месеци на следната година би требало да го претстави новиот премиум телефон. Се очекува дека истиот ќе го носи називот Nokia 9 PureView.

Благодарение на страницата специјализирана за паметни телефони PhoneArena, љубителите на мобилни телефони може да видат квалитетни фотографии од Nokia 9 PureView, како и видео во кое може да се погледне телефонот од сите агли.

Сликите се базираат на скици и можеби не се 100 отсто прецизни, но и покрај тоа даваат добар увид во она што го подготвува производителот.

Најзабележително е тоа што Nokia 9 PureView има пет камери на задната страна и нема засек на врвот од екранот.

Со 2:1 QHD 5,9-инчен екран во дијагонала, Nokia 9 изгледа како во голема мера да ги следи трендовите во производството на мобилни телефони.

Надворешните димензии на телефонот се 155 x 75 x 7,9 милиметри, што го прави подолг и подебел од 5,5-инчниот Nokia 8 Sirocco.

Повеќе фотографии од новиот Nokia 9 PureView може да се најдат на PhoneArena.

Извор: B92.net

 

извор: USB.mk

Поврзани

Најнови вести

Коментари