Прогласени се победниците за годинава

Ни iPhone ни Samsung, Nokia 7 Plus е најдобар конзјумер смартфон за 2018

Организацијата EISA (Expert Imaging and Sound Association) го прогласи Nokia 7 Plus за паметен телефон на 2018 година, во категоријата "consumer", соопшти компанијата HMD Global.

EISA наградата се доделува од страна на најголемата светска независна комисија, сочинета од претставници на 55 најценети специјализирани часописи и портали. Комисијата колективно го пофали телефонот Nokia 7 Plus поради впечатливиот дизајн, одличните перфоманси и импресивните можности на камерата, по тестирањето против силна конкуренција во една од најбараните категории на оваа награда.

Создаден за да овозможи неверојатна содржина, Nokia 7 Plus е вистински херој во рангот на Nokia паметните телефони. Комбинирајќи го иновативниот оптички хардвер и алгоритми, телефонот создава неверојатни фотографии.

Главните каратеристики на основната камера се двоен сензор со ZEISS оптика и ултра-чувствителен сензор за резолуција од 12 MP кој овозможува 2х оптички зум. Nokia 7 Plus исто така поседува Pro Camera режим на работа кој на корисниците им овозможува да фотографираат како професионалци, со можност за рачно подесување на напредните одлики на камерата како што се white balance, фокусирање, ISO и експозиција.

Поврзани

Најнови вести

Коментари