НАЈСКАПИОТ МОТОР НА СВЕТОТ, декориран со 360 дијаманти (ВИДЕО)

Луксузен швајцарски произведувач на часовници и накит, Bucherer, се здружил со произведувачи на мотори по мерка, Bundnerbike, за да креираат уникатен чопер, за кој компанијата тврди дека е најскапиот мотор на светот.

Проценет на 1.8 милиони швајцарски франци, односно 1.79 милиони долари, овој уникатен мотор е базиран на Harley-Davidson Softail Slim S.

Сепак, Bundnerbike компанијата комплетно го трансформирала во чопер. Овој мотор добил неверојатна сина боја, за чие нанесување морала да се користи специјална техника. Всушност овој мотор прво бил бојадисан во сребрено, за да потоа се на нанесат шест слоеви на сина боја, кои нанесени со метода која мора да остане тајна. Уникатниот мотор потоа е декориран со 360 дијаманти. Резервоарот исто така содржи голем Дизлер дијамантски прстен кој е дел од Bucherer Fine Jewelry колекцијата.

Компанијата на овој мотор работела година дена, а тим од осум вработени вложил повеќе од 2500 работни часови за да заедничко го комплетираат овој несекојдневен проект.

 

Најнови вести

Коментари