Кинескиот суд забрани продажба на постари модели на iPhone

Кинески суд наложи забрана за продажба на повеќе постари модели на iPhone во Кина, поради спорот кој производителот на чипови Qualcomm, инаку кинески снабдувач, го води против Apple во врска со патентите.

Судот во кинескиот град Фуџоу, според соопштението на Qualcomm, утврдил дека Apple во два случаја го прекршил Законот за заштита на патенти кои се во сопственост на Qualcomm, поради што е наложена итна забрана на постари модели на iPhone, од 6s до Х, пренесува агенцијата „Ројтерс“.

Ова предизвика пад на акциите на Apple и создаде нова неизвесност за компанијата во време кога таа се соочува со проблем поради намалената побарувачката за новите модели на Apple.

Од Apple соопштија дека сите модели на iPhone остануваат во продажба во континенталниот дел на Кина и дека до судот е доставено барање за повторно разгледување на овој случај.

„Напорите на Qualcomm да забрани наши производи се само уште еден очајнички чекор на компанијата чија незаконска работа е под истрага на регулаторите ширум светот“, соопштија од Apple.

извор: USB.mk

Поврзани

Најнови вести

Коментари