Apple и Samsung казнети во Италија поради забавување на смартфоните

Италијанското регулаторно тело ги казни технолошките џинови Apple и Samsung со 10, односно 5 милиони евра казна поради непочитување на трговската пракса и принуда на корисниците да набавуваат нови телефони.

Италијанските регулатори се први кои ги казнија американскиот и јужнокорејскиот производител на технолошка опрема по жалбите од потрошувачите на ажурирање на оперативните системи , со што им се забавуваат нивните мобилни и се принудени да купуваат нови модели.

Истрагата почнала во јануари годинава и било утврдено дека ,,Apple и Samsung користат нечесни трговски практики.”

Било утврдено и дека не биле информирани корисниците за траење на нивните литиумски батерии, поради што Apple добил двојно поголема казна отколку Samsung.

извор: USB.mk

Поврзани

Најнови вести

Коментари