Google Assistant и камерата со нов интерфејс на Pixel 3 XL

Ново протекување на информации покажува промени во начинот на кој изгледа корисничкиот интерфејс во претстојниот Pixel 3 XL.

Во новиот интерфејс на Google Assistant, логото на виртуелниот асистент и „Здраво, како можам да помогнам?“ се преселени малку повисоко. Покрај тоа, кратенките за Google Lens и тастатурата се променети, првата лево, а втората надесно до иконата за микрофон.

Новиот интерфејс на камерата исто така овозможува полесен пристап до различни поставувања, како што се режимот на портрет, режимот видео и режимот панорама, со прикажување на поставките веднаш над копчето за зачувување. Во моментов корисниците на постарите Pixel модели треба да кликнат на менито за поставки во горниот лев агол и само тогаш ќе имаат пристап до нив.

Задната камера е 12.2MP со бленда f / 1.8, додека предните камери се две 8MP, една со автофокус и бленда f / 1.8, а другата – широкоаголна и f / 2.2.

Google Pixel 3 и Pixel 3 XL ќе бидат објавени на 9-ти октомври.

извор: USB.mk

Поврзани

Најнови вести

Коментари