Samsung го претстави смартфонот на превиткување (ВИДЕО)

Во текот на вчерашниот ден корејската компанија Samsung во Сан Франциско го претстави својот прв телефон на превиткување. Во текот на Samsung Developer Conference компанијата го претстави телефонот кој е во фаза на прототип и засега нема да биде достапен за купување. Технологијата која што овозможува превиткување на екранот е наречена Samsung Innity Flex Display.

Освен што на сцената беше презентиран телефон кој е прототип, телефонот имаше и дебело куќиште кое го сокриваше погледот на финалниот изглед на телефонот. Кога телефонот е превиткан, на предната страна се наоѓа екран со
дијагонала од 4.5 инчи и резолуција од 840×1960 пиксели. Доколку го отворитетелефонот, добивате екран со дијагонала од 7.3 инчи и резолуција од 2152×1536 пиксели. Телефонот користи Android оперативен систем и во верзијата која што се
наоѓа на телефонот, системот препознава во која состојба е телефонот, па доколку го отворите системот автоматски ја префрла сликата од предниот екран на внатрешниот екран.

Samsung дополнително го креираше системот MultiActive Window кој овозможува користење на максимум 3 апликации истовремено, но само на внатрешниот екран на телефонот. Samsung не објави информации за името на телефонот, датумот на продажба или цена на телефонот, но сега веќе се чини дека можеби во следната година ќе го добиеме во финална изработка, а и во нашите раце.

извор: USB.mk

Поврзани

Најнови вести

Коментари