Oppo го претстави смартфонот R17 Pro, пристигнува и во Европа (ВИДЕО)

Компанијата Oppo го претстави својот нов флегшип паметен телефон R17 Pro кој ќе се појави и на европскиот пазар.

Новиот смартфон има одлични Sony камери со AI технологија за што поквалитетни фотографии. Однапред е камерата од 25 MP, додека одзади има три камери, една од 12, друга од 20 и трета TOF камера која овозможува процена на далечината, Ultra Night Mode и креирање на 3D фотографии.

Ultra Night Mode е подесување кое овозможува создавање остри и јасни фотографии во лоши услови на осветленост. Моделот R17 Pro ја поддржува Oppo SuperVOOC Fast Charge технологијата на брзо полнење, така што за полнење на батерија од 3700 3.700 mAh до 40 проценти од капацитетот се потребни само 10 минути.

Процесорот е мало разочарување, бидејќи се работи за Qualcom Snapdragon 710, а уредот има 8 GB RAM и 128 GB интерна меморија. Големиот 6,4-инчен AMOLED екран има задоволувачка Full HD+ резолуција која изнесува 2.340х1.080 пиксели. Смартфонот го користи Oppo ColorOS Android Skin базиран на Android 8.1, но не ги поддржува Android Pie можностите како што е контролата со движења.

Продажбата на R17 моделот во Европа почнува на 16. ноември, а ќе чини 599 долари.

 

извор: USB.mk

Поврзани

Најнови вести

Коментари