(ЕКСКЛУЗИВНО) Samsung го претстави Galaxy A9, првиот смартфон со четири задни камери

Од нашиот известувач од Милано
НИКОЛА БУРАГЕВ

Компанијата Samsung денеска во Милано го одржа својот настан на кој главна ѕвезда беше новиот смартфон од семејството Galaxy, а тоа е моделот А9.

Samsung благодарение на Galaxy A9 стана првата компанија на светот која има паметен телефон со четири камери на задната страна.

А9 во секој случај е смартфон што ќе ги задоволи и потребите на најпребирливите корисници, со оглед на споменатите четири камери и иновативната Clear & Bright технологија на камерата, јасно е дека посебно е фокусиран на фантастичните фотографии. Поради тоа посебно ќе им биде привлечен на авантуристите кои сакаат своите искуства да ги делат со другите.

Смартфонот поседува 6,3-инчен Full HD екран со резолуција од 2.220 х 1080 пиксели.

Исто така, квалитетот на селфи камерата од 24 мегапиксели нема да разочара. Ќе ви допушти да го контролирате светлото и да направите совршено селфи. Од Samsung истакнаа дека четирите леќи овозможуваат креирање на фотографии со подобар оптички зум и поширока експозиција на сликата, како и ultra-wide панорами.

извор: USB.mk

Поврзани

Најнови вести

Коментари