ДОСЕГА НЕВИДЕНО: НАСА објави ново видео од Месечината (ВИДЕО)

Турата дава одличен поглед на пустата површина на Месечината и некои нејзини најпознати делови, како 2.500 километри широкиот Аиткенов басен (South Pole-Aitken basin), долината Таурус-Литроу – местото каде што слета Аполо 17, кратерот Шеклтон на Јужниот пол, Тиховиот кратер на јужниот дел на Месечината, Источното Море на западната граница на темната страна на Месечината и Аристарховото плато на кое ќе бидат вршени идни истражувања.

Видеото е направено со податоци кои ги собра Лунарниот извидувачки орбитер на НАСА (Lunar Reconaissance Orbiter – LRO) во период од девет години.

Леталото од јуни 2009 година го проучува Земјениот природен сателит од висина од 50 километри, и оваа снимка дава најдетални прикази на површината на Месечината до сега, голем дел од кои досега не се видени.

Сондата, меѓу другото, откри дека Месечината е многу динамична. На нејзината површина секоја година во просек се создаваат 180 нови кратери со пречник од најмалку 10 метри кои ги прават астероиди и комети.

Поврзани

Најнови вести

Коментари