БМВ го провоцира Мерцедес

На најновата реклама која што е објавена на официјалниот профил на БМВ на Фејсбук, може да се видат три SUV модели на Мерцедес, по што се појавува новиот Х2 на БМВ, а возачот на БМВ-то испушта микрофон како вид на понижување за автомобилите на Мерцедес.

Рекламите со ваква тематика стануваат се почести во автомобилската индустрија која што секојдневно се повеќе се насочува на социјалните мрежи. Не се сомневаме дека наскоро и од Мерцедес ќе одговорат на ваквата „провокација" на БМВ.

Според аналитичарите, возможно е дури и да станува збор за заеднички финансирана „маркетиншка војна" помеѓу двете германски компании, со цел што е можно повеќе да се сврти вниманието кон нивните „провокации".

Како и да е, за пошироката јавност ваквите реклами се прилично забавни.

Најнови вести

Коментари