OnePlus 6T McLaren Edition е „суперавтомобил меѓу смартфоните“

Британскиот произведувач на суперавтомобили во соработка со компанијата OnePlus го создадоа специјалниот смартфон наречен OnePlus 6T McLaren Edition, за кој велат дека претставува „суперавтомобил помеѓу смартфоните.“

Уредот има 6.41 инчен AMOLED дисплеј со резолуција 2,340×1,080 пиксели со формат 19.5:9, со Qualcomm Snapdragon 845 процесор, Adreno 630 графичка, 256 GB интерна меморија, 10 GB RAM, предна камера од 16, како и две задни камери од 16 и 20 мегапиксели, а тука е и двоструката LED светилка. OnePlus 6T McLaren Edition е напојуван од батерија од 3,700 mAh, со Wrap Charge 30 технологија за брзо полнење, што за 20 минути полни 50 проценти од батеријата. За време на полнењето мобилниот не се успорува доколку се користи, ниту пак претерано се загрева.

Со оглед на тоа дека се работи за брендиран телефон од марката McLaren, не изненадувачки изборот на црно карбонско куќиште со портокалови украси. Логото на McLaren е исто така изгравирано, заедно со некои ексклузивни софтверски анимации.

Цената на овој уред изнесува околу 700 евра.

извор: USB.mk

Поврзани

Најнови вести

Коментари