Huawei Mate 20 Pro расклопен од тимот на iFixit (ВИДЕО)

Засега Huawei Mate 20 Pro нема да се продава официјално во САД, но тоа не го спречи популарниот сајт iFixit да „ѕирне“ што има под неговите стаклени панели.

Смартфонот, кој е меѓу најимпресивните модели за оваа година со комбинацијата на куп интересни технологии, добива оценка 4/10 во однос на можноста за самостојна поправка од страна на корисниците.

Ова е помалку од 6/10 проценката за iPhone XS Max и iPhone XR, кои обезбедуваат малку полесен пристап до „скриеното во школката“.

iFixit наведува дека многу од компонентите на Mate 20 Pro се модуларни и можат да се заменуваат независно, а замената на батеријата бара само симнување на задниот капак и средната рамка која содржи намотки за безжично полнење, антената за НФЦ и ЛЕД блицот.

Изградбата користи само стандардни завртки од Philips и просечна количина лепак. Веб-страницата вели дека поради конструкцијата од типот „сендвич“ околу матичната плоча се користат пофлексибилни конектори и поправка на телефонот трае подолго.

Меѓу недостатоците се залепени предни и задни панели, што го зголемува ризикот од кршење и го отежнува почетокот на поправката.

Заедно со тоа, замена на екранот бара сериозно расклопување на телефонот и „борба“ со употребеното лепило, а освен тоа, кршење на екранот веројатно ќе доведе и до замена на сензорот за отпечатоци кој е вграден во него. Сензорот е произведен од „Гудикс“ и е оптички, што значи дека ја користи светлината на панелот за осветлување на прстот и правење на снимка.

Од iFixit посочуваат дека One Plus 6T го користи истиот сензор.

Извор: iFixit

 

извор: USB.mk

Поврзани

Најнови вести

Коментари