„Четири лица загинаа. Користени се приближно 430 дронови и 18 ракети“, рече Зеленски.
Тој ја обвини Русија за „пресметан напад, дизајниран да нанесе максимална штета на цивилното население и да ја оштети цивилната инфраструктура“.
Украинските власти претходно денеска објавија дека најмалку едно лице е убиено во голем руски напад со ракети и дронови врз Киев.
Нападот предизвика штета во осум од десетте реони во главниот град.
Истовремено, Русија објави дека во текот на ноќта пресретнала повеќе од 200 украински дронови кои исто така ја гаѓале рафинеријата за нафта, а во тие напади четири лица се ранети.

