Започнува саемот за книга во Франкфурт

Саемот на книга во Франкфурт, најголемиот саем на книга во светски размери, во средата ги отвори своите врати за професионалците од литературата.

Оваа година, почесен гостин на саемот во Франкфурт е Грузија, која ќе се претстави со 70 автори и 350 литературни манифестации.

Повеќе од 7000 излагачи од 110 земји ќе земат учество во саемот кој за јавноста ќе биде отворен во сабота.

Годинава саемот на книга во Франкфурт бележи 70 години постоење, а на него учествуваат илјадници литературни експерти, издавачки куќи, автори и новинари ширум светот.

Лани, саемот го посетиле 268.000 љубители на книгата.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари