Захарова: Стејт департментот фабрикува лажни вести против Русија

Стејт департментот фабрикува лажни вести против Русија на индустриско ниво, додека американскиот претседател, Доналд Трамп се бори против лажните вести во американските медиуми, изјави портпаролката на руското министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Додека американскиот претседател се бори против лажните вести на Си-Ен-Ен, тој веројатно не забележал дека неговите подредени настојуваат да произведуваат лажни вести и дека тие веќе се искачија на индустриско ниво“, наведе Захарова.

Претходно денеска, на новинарот на Си-ен-ен, Џим Акоста, му беше одземена акредитацијата за известување од Белата куќа откако претседателот Доналд Трамп остро се скарал со него за време на конференцијата за новинари.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари