Загина полицаец деактивирајќи експлозивна направа во црква

Полициски службеник од Египет загина при обид да деактивира експлозивна направа во христијанска црква во предградие на Каиро, јави државната телевизија.

Инцидентот се случува во пресрет на Божиќ, што египетските Копти го празнуваат на 7 јануари според стариот Јулијански календар, пренесе „Ројтерс“.

Христијанските Копти сочинуваат десет отсто од 90 милиони жители во Египет и долго се жалат на дискриминација.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари