За воената мисија на границата со САД и Мексико трошоците изнесуваат 210 милиони долари

Пентагон проценува дека трошоците за воената мисија на границата со САД и Мексико ќе изнесуваат 210 милиони долари, пренесува АП.

Како што наведуваат тамошните медиуми од сумата 72 милиони долари биле наменети за 5.900 американски војници во активната служба која треба да пружа поддршка до членовите на Царинската и граничната служба.

Пнатаму се наведува дека 138 милиони долари досега се издвоени за 2.100 членови на Националната гарда на Армијата на САД, кои од април годинава се ангажирани во посебна мисија за заштита на границата.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари