За Путин, инцидентот во Керч е провокација за Украина да прогласи воена состојба

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека судирот меѓу руските и украинските воени бродови во теснецот Керч е резултат на неспособноста на западните држави да го повикаат Киев на одговорност за лошо однесување се додека останува конфронтирачки настроен кон Русија, пренесува РТ.

Забелешките се првите што ги направи рускиот лидер по конфронтацијата во Керч, тесен премин помеѓу Црното Море и Азовското Море, каде што се наоѓа стратешки мост кој го поврзува Крим со копнениот дел на Русија.

Путин изјави дека инцидентот, кој заврши со запленување три украински брода од страна на Русија, и по кој Киев наметна делумна воена состојба во земјата, е „валкана игра” на Порошенко со која треба да ги потисне своите политички противници пред претседателските избори во март. Тој увери дека за ескалација на тензиите е одговорна украинската страна   бидејќи инцидентот е промислена и планирана провокација од украинската морнарица.

Рускиот претседател, исто така, ги бранеше руските граничари кои ги спречија украинските бродови да минат низ Керч , велејќи дека тоа е нивна должност како одбрамбени сили што положиле заклетва и дека ако не го стореле тоа, можело да се соочат со воен суд за непочитување наредба.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари