Војник заразен со ХИВ-вирусот е осомничен за силување на 70 тинејџери во Тајланд

Тајландската полиција соопшти дека уапсила еден војник заразен со ХИВ-вирусот, кој наводно уценувал и силувал повеќе од 70 тинејџери.

Осомничениот, преку лажни профили на социјалните мрежи и преку апликацијата за запознавање на хомосексуалци „Блуд” (Blued) се обидел да ја стекне довербата на жртвите и барал од нив да му испраќаат свои фотографии без облека пред да се запознаат, соопшти полицијата.

Тој потоа ги уценувал дека ќе ги објави истите тие фотографии кои му ги испраќале доколу тие не сакаат да спијат со него, додаваат од полицијата.

По апсењето на осомничениот 43- годишен Џакрит Комсинг, во неговиот дом, полицијата пронашла лекови за вирусот-ХИВ, а тестовите потврдија дека тој бил инфициран.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари