Во напади со дронови во Русија оваа година загинале 392 лица

12.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Во напади со дронови во Русија оваа година загинале 392 лица

„Од почетокот на годината до крајот на октомври, 3.205 лица беа повредени во напади со беспилотни летала, меѓу кои и 195 малолетници. Вкупно 392 лица загинаа, меѓу кои и 22 малолетници“, рече Мирошник, а објави весникот „Известија“.

Тој изјави дека од февруари 2022 година, убиени се вкупно 7.175 руски цивили, додека се повредени уште 17.617 лица.

Според него, беспилотните летала неодамна станаа едно од главните средства за напад врз цивили.

„До 80 проценти од населението е повредено или убиено од беспилотни летала, што значи дека секоја трета од четири жртви е жртва на напад со беспилотни летала. И ако ги споредиме, на пример, јули и септември, бројот е зголемен за околу една третина“, рече амбасадорот на руското Министерство за надворешни работи.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата