Во Кина се судрија летечки автомобили (ВИДЕО)

17.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Во Кина се судрија летечки автомобили (ВИДЕО)

Два летечки автомобила од кинескиот производител на електрични возила Xpeng Inc. се судрија во воздух за време на тест изведба за Аеро-шоуто во Чангчун, повторно отворајќи прашања за безбедноста на технологијата, објави Bloomberg.

Како што објави компанијата Xpeng Aeroht, стартап кој стана подружница на Xpeng во 2020 година, едно од таканаречените електрични возила со вертикално полетување и слетување (eVTOL) се запали при слетувањето, додека другото успеа безбедно да слета.

Снимките од настанот покажуваат облак од црн чад од соборениот eVTOL на рамно тревно поле, со противпожарни возила во близина. Двата летечки автомобили се приближија еден до друг и воспоставија контакт за време на тест-летот, а властите оттогаш ја расчистија областа и започнаа истрага за причината, рече Xpeng Aeroht.

Сериозен удар за Xpeng

Како што пишува Bloomberg, овој инцидент би можел да биде сериозен удар за Xpeng Aeroht, кој се подготвува да започне со испораки на својот модел - класично електрично возило кое доаѓа со посебен eVTOL модул. Копнениот носач на авиони моментално може да се нарача во Кина, а масовното производство се очекува во 2026 година.

Кина долго време ја промовира визијата за таканаречените економии на ниски надморски височини, што би и користело на индустријата eVTOL и би ја поттикнало нивната масовна примена. Сепак, сè уште постојат прашања за безбедноста и сигурноста на летачките возила што треба да превезуваат луѓе на кратки растојанија, а се предвидува дека многу од нив ќе бидат без пилоти.

Xpeng Aeroht изјави дека никој не е повреден, иако на местото на несреќата е видено амбулантно возило. Снимките споделени на социјалните медиуми покажуваат пожарникари како го полеваат запаленото летачко возило со вода, додека претставник на компанијата сè уште не одговорил на прашањата за можни повреди.

Несреќата со eVTOL се случува само една недела откако Xpeng ги повлече повеќето од своите електрични возила P7+ поради дефект во контролниот систем.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата