(Видео) Трамп ја посети границата со Мексико: Без ѕидот ќе има многу мртви

Американскиот претседател, Доналд Трамп ја посети границата со Мексико. Тој од Мекален, град кој се наоѓа во Тексас во близина на границата со Мексико, ја бранеше својата идеја за изградбата на ѕидот на границата, поради кои со недели е блокирана и американската влада.

„Тоа е прашање на здрав разум. Нив им треба пречка, им треба ѕид. Без него, ќе има само проблеми. И многу мртви “, изјави Трамп, додавајќи дека нема ништо подобро од ѕидот.

Американскиот претседател меѓу другото уште еднаш се закани дека ќе прогласи вонредна состојба доколу не му бидат обезбедени финансиските средства за изградбата на ѕидот.

„Имам апсолутно право да прогласам вонредна состојба“, рече Трамп.

Парите за изградбата на ѕидот треба да ги одобри Конгресот, кој не се согласува со идејата на Трамп. Трамп одбива да го потпише закон за финансирање и повторно отворање на владата, освен ако во тој закон небидат вклучени потребните 5,7 милијарди долари за изградбата на ѕидот долж границата на САД и Мексико.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари