(Видео) Смртоносно цунами во Индонезија, најмалку 168 загинати и 745 повредени

Најмалку 168 луѓе загинаа, а 745 се повредени во цунами што вчера во 21 и 27 часот по локално време ги погодило островите Јава и Суматра во Индонезија. Стотици објекти се уништени и оштетени.

„Цунамито најверојатно е предизвикано од ерупција на вулкан“, соопшти Агенцијата за справување со природни катастрофи.

Бројот на жртви можно е да порасне со оглед на тоа што спасувачите сè уште не стигнале до сите зафатени области. Најтешко е погоден регионот Пандегланг на островот Јава, кој меѓу другото го опфаќа националниот парк Ујунг Кулон и бројни популарни плажи.

Цунамито ги погодило плажите околу Сундскиот тенсец, меѓу островите Јава и Суматра.

Агенцијата за метеорологија и геофизика на Индонезија соопшти дека цунамито не е предивикано од земјотрес, туку најверојатно поради активност на вулканот Анак Кракатоа, кој е сместен во Сундскиот теснец и е наследник на вулканот Кракатоа, кој бил разнесен во катастрофална ерупција во 1883 година и во која загинале 120 000 луѓе.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари