(Видео) Рохани: На САД не може да и се верува

Иранскиот претседател, Хасан Рохани му порача на министерот за надворешни работи на Северна Кореја дека на САД не може да му се верува, соопштуваат иранските државни медиуми.

Ова се случува во моменти кога САД се обидуваат преку дијалог да ги прекинат нуклеарните и ракетните програми на Пјонгјанг.

„Постапките на американската администрација во изминатите години доведоа до тоа да САД ширум светот ја гледаат како несигурна земја, која не е достојна за доверба и која не ги исполнува своите обврски”, изјави Рохани на средбата со севернокорејскиот министер за надворешни работи.

Севернокорејскиот министер за надворешни работи, Ри Џон Хоу, го посети Иран, само неколку дена откако САД повторно воведоа санкции кон Техеран.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари