(Видео) Пожар во центар за зависници на Еквадор, има мртви

Најмалку 18 лица загинаа, а 12 се повредени во пожар што изби на клиниката за рехабилитација на зависници од дрога во Гвајакил, втор најголем град во Еквадор, соопштија локалните власти.

Пожарот избил кога пациентите ги запалиле душеците и се обиделе да побегнат од клиниката, која ја немала потребната дозвола за работа, јави Тања Варела, началничка на полицијата, пренесе „Ројтерс“.

Полицијата планира да ги уапси сопственикот и директорот на клиниката.

Импровизираните центри за лечење се честа појава во земјата, додава британската агенција.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари