(Видео) Пет деца од САД загинаа во страшна сообраќајка возејќи се кон Дизниленд

Во тешката сообраќајка што се случи минатата недела на Флорида загинаа пет деца кои биле на пат кон Дизниленд, јави „Си-ен-ен“.

Децата се возеле во комбе во моментот на несреќата, кога дошло до судар на повеќе возила. Петте деца кои починаа се на возраст од 14, 13, 10 и 9 години, а четири деца ја преживеале трагедијата и во моментов се наоѓаат во болница.

Пет деца загинаа во сообраќајка на патот кон Дизниленд

Во несреќата учествувале вкупно четири возила, меѓу кои и камион кој се запалил. Загинале и двајцата возачи на камионот.

Полицијата објави дека вкупно осум лица завршиле во болница по несреќата, а меѓу нив имало и бремена жена.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари