(Видео) ЕПП го избра Вебер за кандидат на изборите за ЕП

Германскиот пратеник во Европскиот парламент, Манфред Вебер, денеска ја доби поддршката на партиите од десниот центар како кандидат за нов претседател на Европската комисија.

Изборот за нов претседател на ЕК треба да се одржи следната година во мај.

Вебер на самитот на Европската народна партија-ЕПП во Хелсинки,   го победи поранешниот премиер на Финска, Александар Стаб.

Манфред Вебер е политичарот од ЦСУ. Тој е избран за водечки кандидат на Европската народна партија за европските избори во 2019-та година и за него гласаше мнозинството од преку 700 делегати на конференцијата во Хелсинки.

 

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари