(Видео) Четири лица загинаа, десетици се повредени во експлозијата во Париз

Четири лица загинаа, а 47 се повредени во експлозијата што се случи рано изутрнива во Париз. Меѓу загинатите се и двајца пожарникари, објави француското Министерство за внатрешни работи.

Експлозијата се случи утринава во пекара лоцирана во центарот на Париз, е предивикана најверојатно од истекување на гас.

12 од повредените лица се наоѓаат во критична здравствена состојба, пишуваа француските медиуми.

Министерот за внатрешни работи Кристофер Кастанер за „Ројтерс“ изјави дека ситуацијата сега е под контрола. Тој исто така појасни дека првите индикации укажуваат на тоа дека се работи за несреќен случај, и додаде дека не постојат нови опасности за експлозија.

Портпаролката на полицијата во Париз изјави дека пожарникарите моментно се наоѓаат на местото на експлозијата.

Голем број полицајци, како и тимови на Брзата помош се присутни на самото место, а од населението се бара да ја избегнува областа каде што се случила експлозијата.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари