„Денеска владата го одобри неопходното решение за потпишување договор меѓу Украина и САД за создавање инвестициски фонд за обновување“, напиша Шмигал на Телеграм.
Американскиот претседател Доналд Трамп претходно најави дека неговиот украински колега Володимир Зеленски ќе го посети Вашингтон в петок за да го потпише договорот. Сепак, Трамп даде до знаење дека САД нема да дадат широки безбедносни гаранции за Украина, иако Киев инсистира на такви гаранции./МИА