Турција ја укинува вонредната состојба

Турција ноќеска ќе ја укине вонредната состојба која беше воведена пред две години по неуспешниот државен удар. Опозицијата стравува дека вонредната состојба и чистките ќе бидат заменети со нови репресивни мерки.

Вонредната состојба беше воведена на 20 јули 2016 година, неколку дена по крвавиот обид за државен удар што се случи ноќта меѓу 15 и 16 јули.

Агенцијата „Франс прес“ наведува дека во текот на изминатите две години властите тргнаа во прогон на пучистите и нивните симпатизери, како и на прокурдската опозиција, бројни невладини организации и медиуми кои ја критикуваа власта.

За две години на затворски казни се осудени околу 80.000 луѓе осомничени за поврзаност со пучот, додека повеќе од 150.000 државни службеници и функционери се отпуштени или суспендирани.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари