Три германски судови евакуирани поради закана за бомби

Три германски судови, во градовите Киел, Ерфурт и Магдебург, се евакуирани поради закани за бомба, објави локалниот весник „Хановерше Алгемајне Цајтунг“.

Судовите во Магдебург и Ерфурт биле евакуирани по заканите добиени опреку електронска пошта, се вели во весникот.

Во текот на ноќта, слична закана била упатена и во судото во Кил, а зградата била пребарана од страна на полицијата со кучиња трагачи.

Полицијата објави дека евакуиран е и судот во Висбаден, откако бил пронајден сомнителен предмет, пренеса агенцијата „Ројтерс“.

 

 

 

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари