Трамп: Светот се промени за една година

Претседателот на САД, Доналд Трамп истакна дека светот се променил, со оглед на тоа што пред една година во Обединетите Нации најостро го критикувал севернокорејскиот лидер, Ком Џонг-ун, а сега во фаза на подготовка е втор состанок со него.

„Светот беше поинаков. Беше тоа опасно време. Помина една година, многу нешта се променија“, изјави Трамп, пред сѐ говорејќи за Ким Џонг-ун.

Трамп додаде дека државниот секретар Мајк Помпео подготвува втор состанок со Ким, што ќе се случи наскоро.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари