Трамп се двоуми дали да се сретне со Путин по судирот со Украина

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека би можел да го откаже состанокот со рускиот претседател, Владимир Путин, на самитот Г20 во Аргентина. Тој се двоуми за средбата по поморскиот судир меѓу Русија и Украина.

Трамп за „Вашингтон пост“ рекол дека очекува целосен извештај од својот тим за национална безбедност во врска со руската заплена на три брода на украинската морнарица и апсењето на нејзиниот екипаж.

Трамп рекол дека потоа ќе донесе одлука дали ќе има средба или не. „Можеби нема да имам состанок. Не ми се допаѓа таа агресија, воопшто не ја сакам“, рекол Трамп.

Двајцата претседатели треба да се сретнат на маргините на самитот Г20 во Буенос Аирес, што ќе се одржи в петок и сабота.

 

Руските сили пред три дена запленија три брода на украинската морнарица во теснецот Керч, меѓу Црното и Азовското Море, наведувајќи дека нелегално влегле во руските територијани води. По ова, во Украина беше воведена воена состојба.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари