Трамп ја обвини Германија дека е заробеник на Русија

Американскиот претседател Доналд Трамп во пресрет на самитот на НАТО во Брисел, ја обвини Германија дека е заробеник на Русија бидејќи од Москва купува струја.

„Германија е заробеник на Русија. Тоа е многу несоодветно“ порача Трамп на состанокот со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, што е прв состанок од неговото пристигнување во Брисел.

epa

Трамп пристигна во Брисел за да се пожали дека од САД се очекува да ги брани своите сојузници од Русија, додека Германија ѝ исплаќа милијарди долари за струја на Москва.

„Сметам дека тоа е нешто, со кое НАТО треба да се позанимава“ рекол Трамп.

Столтенберг ги отфрлил коментарите на Трамп, потенцирајќи дека додека има различни мислења во Алијансата, членките се посилни заедно, отколку да бидат одделно.

Но, Трамп прашал како може НАТО да биде посилна, кога Германија ја прави Русија побогата.
Коментарите на Трамп следат по неговото пристигнување на самитот на НАТО, каде се очекува да се сретне со сојузниците и да се фотографира со нив.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари