Трамп го помилува поранешниот сопственик на Тотенхем

14.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Трамп го помилува поранешниот сопственик на Тотенхем

Луис, кој живее на Бахамите, се изјасни за виновен за инсајдерско тргување во 2024 година и беше казнет со пет милиони долари, но поштеден од издржување затворска казна поради неговата поодмината возраст.

Официјален претставник на Белата куќа изјави дека Трамп го одобрил помилувањето кое Луис го побара за да може да добие медицински третман и да ги посети своите внуци и правнуци во САД.

Луис е основач на компанијата „ENIC“, која поседува 87,62 проценти од Тотенхем, од кои нешто повеќе од 70 проценти се контролирани од семејниот фонд Луис.

Семејството Луис годинава има сè поактивна улога во Тотенхем, особено откако Даниел Леви беше отстранет од функцијата извршен претседател во септември.

Ќерката на Џо, Вивиен Луис, редовно присуствува на натпреварите на лондонскиот премиерлигаш, често заедно со нејзиниот брат Чарлс Луис и зетот Ник Бушер.

Според Форбс, богатството на Луис се проценува на 5,8 милијарди евра.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата