Трамп до Германците: Русите ве држат во рака: Германците: Нема тебе да те прашаме

ЕУ и нејзините компании имаат право да одлучуваат за енергетската политика независно од трета страна, рекол Дитер Кемпф, шеф на Федерација на германски индустријалци.

"Имам голем проблем со тоа кога трета држава смета на нашето снадување со енергика", изјавил Кепф за германските медиуми.

Неговиот коментар доаѓа после новата критика која им ја упатил Доналд Трамп дека Германија премногу зависи од рукиот гас.

Американскиот претседател го обвинува Берлин дека Русија ја "ги држи во рака".

Тој ја повикал Германија да ја запре работата на гасоводот Северен тек 2 вреден 11 милијарди долари, кој ќе биде изграден во Балтичкото море. Во обид да го испрати ЛНГ на германските потрошувачи, Вашингтон, се закани со сонкции на европските компании за финансирање на рускиот проект за гасоводот.

"Мора државата или компаниите да одлучат" дали треба да има и некој друг извор" рекол претседателот на БДИ, нагласувајќи дека конотацијата помеѓу откажување на проектот и купување на американскиот течен гас би била неприфатлива.

"На Германската индустрија и е потребен Северен тек 2 со што ќе има сигурено снабдување со енергијата", рекол Кемпф, додавајќи дека ЛНГ од САД моментално не е конкурентен на германскиот пазар и би чинел премногу.

Аналитичарите инаку веруваат дека американскиот ЛНГ веројатно нема да стане посакуван за германските потрошувачи поради дополни трошоци за транспор на течни горива од САД.

Поврзани

Најнови вести

Коментари