Трамп: Централната Банка е единствен проблем на нашата економија

Американскиот претседател Доналд Трамп ја обвини американската Централна Банка дека е единствен проблем на економијата на САД неколку дена откако институцијата ја зголеми каматната стапка и ги намали предвидувањата за раст за 2018 и 2019 година.

„Единствениот проблем на нашата економија е Банката. Тие не го чувствуваат пазарот, не ги разбираат трговските војни”, напиша Трамп на „Твитер“.

Тој ја спореди Банката со играчи на голф, оценувајќи дека оваа институција е моќен играч на голф кој не може да ја доведе топката до дупката, бидејќи нема прецизност.

Трамп во неколку наврати ги критикуваше одлуките на ФЕД, наспроти вообичаеното претседателско воздржување кон потезите на Централната Банка.

Тој го повика претседателот на Банката минатата недела да не ги зголеми каматните стапки, велејќи дека тоа ќе биде грешка.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари