Того ги забрани опозициските протести

Владата на Того забрани серија на планирани опозициски протести, велејќи дека тие претставуваат безбедносна закана.

Коалиција составена од 14 опозициски партии објави дека ќе ги бојкотира парламентарните избори на 20 декември и ќе се обиде да го запре изборниот процес.

Опозицијата сака уставни реформи за повторно воведување на лимитот од два мандати за претседатели.

Координаторката на коалицијата Брижит Аџамагбо Џонсон за локалната радио станица изјави дека забраната нема основ и дека ти имаат намера да продолжат со протестите.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари