Свинска чума и се заканува на Западна Европа

Белгија ја потврди појавата на африканска свинска чума со што се означи понатамошно ширење на болеста што ги погоди фармите во Источна Европа и Кина, а сега се заканува и на свинската индустрија во Западна Европа.

Франција веднаш реагираше на веста за угинувањето на дивите свињи во Белгија и нивното Министерство за земјоделство ја зголеми контролата во четири административни провинции што се граничат со Белгија, и презеде дополнителни мерки за заштита на свињарските фарми и кланици.

Ширењето на вирусот во Источна Европа веќе доведе до масакр на стотици илјади свињи, додека во Кина, која е најголем производител на свинско месо во светот, тоа доведе до забрана на транспорт на животни и исхрана на свињи со отпад од заразените провинции.

ЕУ е колективно вториот по големина производител на свинско месо по Кина и најголемиот извозник. Поголемиот дел од свињогојството е концентрирани во Германија, Данска, Франција и Шпанија.

Најновите случаи во Европа може да бидат поврзани со храната што ја фрлаат луѓето кои дошле од области каде што болеста е присутна, велат од белгиската агенција за безбедност на храната.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари