Судот во Мјанмар ја отфрли жалбата на новинарите од „Ројтерс“, тие остануваат во затвор

Судот во Мјанмар денеска ја отфрли жалбата на двајцата новинари од Ројтерс осудени на седум години затвор под обвинение за откривање  државни тајни, врз основа на тоа дека одбраната не обезбеди доволно докази дека тие се невини.

Ва Лон (32) и Куав Сое О (28) нижиот суд ги осуди во септември во случај кој беше преседан и го доведе во прашање напредокот кон демократија во Мјанмар и предизвика негодување кај дипломатите и активистите за човекови права.

Одбраната има можност за уште една жалба до Врховниот суд, со седиште во главниот град Непјидо.

„Денешната пресуда е уште една неправда меѓу многуте што им се нанесени на Ва Лон и Куав Сое О. Тие остануваат зад решетки само од една причина: Оние на власт сакаат да ја замолкнат вистината”, рече во изјавата главниот и одговорен уредник на Ројтерс, Стивен Џ Адлер.

Пред апсењето новинарите известуваа за минатогодишната брутална операција на Армијата на Мјанмар против Рохинџите во западниот дел на Ракајн.

Поради репресија, над 700.000 Рохинџи ги напуштија своите домови и избегаа во Бангладеш, според проценките на ОН.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари