Несреќата се случила околу 10 часот, на местото каде што се вкрстуваат две железнички пруги. Поради силата на ударот, вагоните излетале од шините, а едниот од нив останал да виси над длабок ров.
Портпаролот на словачката железничка компанија, Јан Бачек, изјави дека причината за судирот сè уште се истражува.
-Приоритет во моментов е спасувањето и евакуацијата на патниците и нашите вработени, рече Бачек.
На местото на настанот се испратени пет амбулантни возила и еден спасувачки хеликоптер. Полицијата изјави дека судирот се случил пред тунелот и дека патниците постепено ги напуштаат возовите.
Како што е најавено, полицијата го обезбедува местото на несреќата, ја координира работата на спасувачките служби и го насочува движењето на луѓето во областа.

