Средба која ќе го промени светот: Трамп и Ким се ракуваа и потпишаа историски документ

Рано наутро во Сингапур се одржа состанокот на американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун. Тие потпишаа важен договор, а како што вели Трамп наскоро заспочнува процес на денуклеаризација на Северна Кореја.

"Имавме важен состанок и се договоривме да потпишеме важен документ. Светот ќе забележи нови промени. Одлучивме сè да оставиме во минатото", рече Ким Јонг Ун.

Тој му се заблагодари на Трамп за состанокот.

Трамп изјави дека станува збор за еден важен документ.

"Во прашање е многу важен и сеопфатен документ со кој се потврдува напредокот на разговорите и ветувањето дека ќе се продолжи со исто темпо", вели американскиот претседател.

 

На прашањето на новинарите, дали се договориле околу денуклеаризацијата, Трамп вели:

"Почнуваме со тие наскоро, апсолутно. Ви благодарам на сите, состанокот помина одлично, многу подобро отколку што некој веруваше. Развивме еден посебен однос".

Тој рече дека тие двајца повторно ќе се сретнат и дека сигурно ќе бидат повикани и Кина и Вашингтон. Потоа се ракуваа и си заминаа.

Фоторепортерите успеале да го фотографираат документот во кој се гледа дека Доналд Трамп се обврзал дека ќе обезбеди безбедносни гаранции на Демократската Народна Република Кореја и дека Ким Јонг Ун потврди посветеност на комплетна денуклеаризација на Корејскиот полуостров.

Срдечно ракување

Првите заеднички моменти ги поминаа во прошетка без преведувачи. Нинвното ракување светските медиуми го опишаа како "момент кој го промени текот на историјата".

 

 

Белата куќа наведи дека состанокот на Трамп и Ким на кој присуствувале уште неколку преведувачи, траел 38 минути. Доколку се земе во обзир времето потребно за преведување, тоа е прилично кратко, пренесува Би Би Си.

 

"Се чувствувам одлично. Ова ќе биде одличен состанок", им рекол Трамп на новинарите.

Ким Јонг Ун рекол дека патот до состанокот не бил лесен и дека му претходеле историски препреки кои двете земји морале да ги пребродат.

"Тоа е точно", изјавил Трамп на тоа.

 

Неколку часа после средбата, Доналд напишал на Твитер дека наскоро ќе се дознае дали може да се постигне "вистински договор", додека Ким за Сингапур рекол дека е "импресиониран со чистиот и убав град".

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари