Спасените момчиња од пештерата денеска излегуваат од болница

Дванаесетте тајландски момчиња и нивниот фудбалски тренер, кои беа спасени од поплавената пештера, денеска ќе бидат пуштени од болница и ќе одржат прес-конференција.

Момчињата и нивниот тренер беа безбедно извлечени од пештерата минатата недела во спасувачка операција која го привлече вниманието на светските медиуми.

Властите се загрижени како ќе се одразат славата и интересот на медиумите врз менталното здравје на момчињата, па затоа прес-конференцијата ќе биде внимателно контролирана.

Новинарите ќе може да ги доставуваат прашањата однапред, а потоа ќе бидат проверени од страна на психолог.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари